Новости

Ракомет

Одложен натпреварот од СЕХА Гаспром лигата меѓу Еурофарм Пелистер и ППД Загреб

Натпреварот од шестото коло на групата А на СЕХА Гаспром лигата помеѓу Еурофарм Пелистер и ППД Загреб, планиран за 13 април во 17:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола нема да се одигра. Хрватскиот тим има големи проблеми со ковид-19 во своите редови и на барање на ППД Загреб. натпреварот е одложен.
СЕХА Гаспром лигата дополнително ќе одлучи дали ќе се одигра овој натпревар и ако постои можност, ќе биде дефиниран нов термин.
Оваа празнина ќе биде пополнета в среда попладне со натпревар од шестото коло на плеј-офот на Суперлигата помеѓу Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.

GOLD
To Top