Новости

Ракомет

Ојлески: Нашата форма оди во нагорна линија, веруваме во победа

Еурофарм Пелистер утре играат против Татабања во рамките на четвртото коло од Лигата на Европа. Искусното лево крило, Гоце Ојлески вели дека веруваат во победа.

„Добро се познаваме со Татабања, минатата сезона одигравме неколку натпревари. Со доаѓањето на Ѓукиќ во тимот владее позитивна енергија, играат подобро од претходните и тоа е голем плус за нив. Убаво е кога се победува, особено на гостински терен. Нашата форма оди во нагорна линија, одлично се подготвуваме, играме добро и нема зошто да не веруваме дека ќе победиме на овој меч. Свесни сме дека нè очекува тврд и тежок натпревар, против цврста екипа со добри голмани, но пак ќе речам сите веруваме во победа“, рече Ојлески.

Евротип
SNBROKER
To Top