Новости

Ракомет

Пелистерци шокирани пред своите гледачи од Охрид

Битолски Пелистер неочекувано загуби од составот на Охрид на домашен терен со резултат 26-27 во мечот од шестото коло на Суперлигата. Составот на Каменица имаше негатива во текот на целото прво полувреме, а Охрид својата доминација ја зачини со +6 на полувремето, затоа во вториот дел Пелистер се врати во игра, а имаше и напад за водство, но на крајот мораше да им честита на гостите од Охрид за победата.

На седум минути до крај Пелистер успеа да го изедначи резултатот на 24-24. Во продолжение Охрид повторно поведе, но израмнетата игра беше гаранција за возбудлив финиш. Во последната минута, Охрид го искористи својот напад и повторно имаше минимална предност од 26-27, веднаш следеше брза транзиција, но Бојан Маџовски не успеа да го најде патот до голот од чиста позиција за крај на сите надежи за бод на овој дуел. Во последниот напад Охрид ја задржа топката до самиот крај и го заврши натпреварот со резултат 26-27.

Бојан Маџовски со 8 гола беше најистакнат кај пелистерци, а по 4 гола постигнаа Чантурија, Димитровски и Вујачиќ. Во победничкиот табор на Охрид, Дарко Јанев постигна 8 гола, а по 5 гола постигнаа Блажевски и Адамовиќ.

Со оваа победа Охрид се израмни со Вардар на втората позиција со по девет бодови, но и натпревар повеќе. Лидер на табелата во македонскиот плеј-оф е Металуг со стопроцентни 5 победи и 15 бодови.

Евротип
Евротип
To Top