Новости

Ракомет

Пеце Ѓорѓиески се враќа во матичниот Прилеп

Поранешниот младински репрезентативец Пеце Ѓорѓиески ќе ја засили екипата на Прилеп.

Искусниот кружен напаѓач доаѓа за да биде конкуренција на линијата од шест метри. Ланската сезона тој ја одигра во редовите на Струга.

Ѓорѓиески значително ќе придонесе во ростерот на прилепчани со своето големо искуство. Во минатото бил дел уште на Тутунски Комбинат, Пелистер, Охрид, Радовиш, Работнички, Струга, а потекнува од школата на Прилеп.

Тимот на Реваз Чантурија претходно се пофали дека ја продолжи соработката со младиот Христи Бикоски.

Евротип
SNBROKER
To Top