Новости

Ракомет

Победа над Чиле – Македонија останува во Египет

Македонската репрезентација конечно одигра прав натпревар, избраниците на Данило Брестовац се покажаа во подобро издание го победиија Чиле со 32-29 и се пласираа во следниот круг на Светското првенство.

Македонија одигра како што беше потребно, квалитетната игра во одбраната во второто полувреме беше клучна за денешната победа над Чиле.

Лазаров со осум гола беше најефикасен, Костески и и Пешевски постигнаа по пет гола, Кузмановски реализираше четири пати. Фантастичен на голот беше Митревски со 14 одбрани, Томовски фати два пенали. Во составот на Чиле, Салинас даде девет гола, Себаљос седум.

Во вториот круг Македонија вкрстува со екипите од групата Х, Русија, Белорусија и Словенија.

СН Брокер
To Top