Новости

Ракомет

Португалија тагува: Почина Алфредо Кинтана!

По неколку дена на интензивна нега, по срцевиот напад, голманот на Порто Алфредо Кинтана почина.

Лекарите се обидувале да го спасат репрезентативецот на Португалија, ракометарот починал.

Екипата на Порто ја потврди лошата вест, тоа е дека голманот Алфредо Кинтана почина.

Кубанецот кој бранеше за Португалија доживеа срцев удар на тренинг пред неколку дена и не успеа да се избори за најважната животна битка.

32-годишниот чувар на мрежата доживеа инфаркт во понеделникот и оттогаш беше хоспитализиран во критична состојба. Лекарите се бореа за неговиот живот, но поради последица на срцевиот удар, неговото тело не издржа.

Кинтана, кој беше роден на 20 март 1988 година, важеше за легенда на Порто. Бранеше за „змејовите“ од 2010 година, а од 2014 година беше дел од селекцијата на Португалија.

GOLD
To Top