Новости

Ракомет

Почетокот на плејофот во Супер лигата – Еурофарм Пелистер ја победи Струга

фото: Саше Богоевски

Ракомет – Суперлига – плеј-оф (прво коло)
Еурофарм Пелистер – Струга 28-18 (14-9)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски

Еурофарм Пелистер:
Трајковски, Чаневски, Мараш 2, Маркоски 3, Ојлески, Кузманоски 1, Мандалиниќ 3, Радовиќ 2, Танкоски, Периќ 8, Костески 2, Кукоски, Петровски, Велковскиц 1, Граџан 5, Џукиќ 1

Седмерци: 2/1
Исклучувања: 10 минути

Струга:
Затаракоски, Јовановски, Маркоски, Крстаноски, Савески, Рајатовски, Лакичевиќ 2, Јанкуловски, Димитријески 1, Николиќ 5, Илиевски, Костовски, Ракочија 7, Симоноски 2, Пајкоски 1, Цветаноски

Седмерци: 3/2
Исклучувања: 10 минути

Еурофарм Пелистер ја оствари првата победа во Суперлигата или плеј-оф фазата, на домашен терен против екипата на Струга, со резултат 28:18.

Водството на тимот од Битола беше константно целиот натпревар, на полувреме имаа предност од +5 (14:19), до крајот на мечот ја зголемија двојно таа разлика и запишаа убедлив триумф.

Најефикасниот ракометар во составот на Жељко Бабиќ беше Јосип Периќ кој запиша 8 голови, го следеа Граџан со 5, Стипе Мандалиниќ постигна 3 погодоци.

Во редовите на гостинската екипа, прво име беше Ракочија со 7 голови.

GOLD
To Top