Новости

Ракомет

Прва победа на македонските кадети во Бугојно

Ракометната кадетска репрезентација ја оствари првата победа на 5-от меѓународен турнир „Ракометот е мојата иднина“ кој се одржува во босанскиот град Бугојно.

По поразите од Полска и Словенија македонските ракометни надежи во рамките на 3.коло, последно во групната фаза, беа подобри од домашната селекција на Босна и Херцеговина, која ја совладаа со 33:29, иако на полувреме загубеа со 17:19.

Две дијаметрално спротивни полувремиња одиграа црвено-жолтие. Во првиот дел имаа и четири гола негатива, но во вториот во еден миг водеа и со пет гола разлика, а средбата ја завршија со победа од четири гола 33:29.

Димитар Димитриоски кој постигна 12 гола и голманот Матеј Петковски кој имаше 13 одбрани беа најистакнатите поединци во нашата репрезентација, која групната фаза ја заврши на третата позиција, па во разигрувањето ќе се бори за петтото место на турнирот.

Евротип
Евротип
To Top