Новости

Ракомет

Прв ден од ракометниот турнир во Струга: Еурофарм Пелистер го победи Металург

Еурофарм Пелистер сезоната ја почна со очекувана победа над Металург, прва за новиот тим и тренерот Жељко Бабиќ. Со водство во текот на сите 60 минути, Еурофарм Пелистер запиша победа изразена со два гола разлика на дерби дуелот на стартот против Металург на Струшкиот турнир со 24-22 (15-12).

Кушан со пет гола, Маџовски, Мандалиниќ, Стјепановиќ и Костески постигнаа по три кај победничката екипа. во сотавот на Металург се истакнаа, Канкараш, Серафимов и Потиќ кои запишаа по четири гола.

GOLD
To Top