Новости

Ракомет

Продолжен договорот со Петровиќ, си заминуваат Трајкоски и Џукиќ

РК Еурофарм Пелистер 2 ја информира јавноста дека го продолжи договорот со интернационалецот од Босна и Херцеговина, Павле Петровиќ.
По успешните две сезони, во кои со екипата ги исполни зацртаните цели, десниот бек денес стави потпис на нов едногодишен договор. Особено задоволство ни е што Петровиќ во Битола се чувствува како дома и веруваме дека заеднички ќе се радуваме на успеси и во иднина. Петровиќ за првпат ќе го предводи тимот на Еурофарм Пелистер 2 во европските клупски натпреварувања во сезоната 2022/23.

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека двајца ракометари на крајот на сезоната ќе го напуштат клубот на истек на договорот. Од следната сезона дресот на Еурофарм Пелистер 2 нема да го носат: Благојче Трајкоски и Милан Џукиќ.
Клубот искрено им се заблагодарува на професионалниот пристап и залагањето во изминатиот период. На сите им посакуваме успех во продолжувањето на кариерата на клупско и репрезентативно ниво. Семејството Еурофарм Пелистер секогаш ќе биде и нивно семејство.

Евротип
SNBROKER
To Top