Новости

Ракомет

Ракометниот „тенк“ од Конго е хит на Светското првенство во Египет

Светското првенство во ракомет донесе многу егзотика, а најнов хит е Готје Мвумби Тиери, пивотот на Конго.
Според достапните податоци на неговиот клуб, француски Друкс, тој е висок 192 см и тежи дури 110 килограми, па ги „чисти“ своите ривали како од шега во дуелите.

Дебито на Конго мина без триумф, Аргентина беше подобра со 28:22, но најсилниот впечаток сепак го остави Тиери.

Тој имаше максимален ефект со четири погодоци од четири удари, но има мал проблем кога ќе заврши секоја акција со него. Враќањето во одбраната може да трае малку подолго, па Конго е секогаш со еден играч помалку во одбраната помалку добар дел од нападот на ривалите.

Тој ќе има можност да ја продолжи серијата на погодоци против Данска во следната рунда.

СН Брокер
To Top