Новости

Ракомет

Рекламни цени за мечот со Исланд на македонските ракометари

Македонската машка ракометна репрезентација во четврток на 4 мај со почеток од 20:00 часот во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра третиот натпревар од Квалификациите за ЕП 2018 против селекцијата на Исланд.

Продажбата на влезници за натпреварот почнува во денеска (24 мај 2017) на сите продажни места на МК Тикетс низ државата, а влезници можат да се резервираат и online на интернет-страницата на МК Тикетс.

Влезниците се продаваат по цени од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).

Натпреварот против Исланд е од огромно значење за нашата репрезентација во борбата за пласман на ЕП 2018 во Хрватска. Македонија, заедно со Исланд, но и со останатите две селекции кои се наоѓаат во нашата група (Чешка и Украина) има по 2 освоени бодови по првите две одиграни средби.

По завршувањето на овој натпревар, Македонија на 7 мај ќе гостува во Рејкјавик на Исланд, а последните две средби од групата против Украина на гостински терен и против Чешка дома, ќе се одиграат на средината на јуни. Првопласираните две репрезентации од групата обезбедуваат учество на ЕП 2018 во Хрватска.

Евротип
Евротип
To Top