Новости

Ракомет

Селекторот Кирил Лазаров го објави поширокиот список на сениорите за квалификациските натпревари

Селекторот на Македонската сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Данска за Men’s EHF EURO 2022.

 

На списокот повикани се осум ракометари на Еурофарм Пелистер: Чаневски, Танкоски, Кукулоски, Маркоски, Кузманоски, Велковски, Костески и Маџовски.

Третиот натпревар во квалификациската групна фаза сениорите ќе го одиграат на 11 март 2021 против репрезентацијата на Данска во СЦ “Борис Трајковски”, а возвратниот дуел ќе се одигра во Алборг, Данска на 14 март 2021 година.
Според објавениот список, познат е и стручниот штаб на новиот селектор.

GOLD
To Top