Новости

Ракомет

Селекторот Лазаров го објави поширокиот список – на него осум ракометари на Еурофарм Пелистер

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија за пласман на Men’s EHF EURO 2022.
Осум играчи на Еурофарм Пелистер се најдоа на поширокиот список на селекторот Кирил Лазаров:
– МАЏОВСКИ БОЈАН
– КУЗМАНОВСКИ ЦВЕТАН
– ДИМИТРОВСКИ ИВАН
– КОСТЕСКИ НЕНАД
– МАРКОСКИ НИКОЛА
– КУКУЛОВСКИ ДЕЈАН
– АТАНАСИЈЕВИЌ ПАВЛЕ
– ВЕЛКОВСКИ МАРТИН

За време на ЕХФ неделата сениорите ќе ги одиграат двата последни натпревари од квалификациската група за пласман на EHF EURO 2022 што ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Сениорте прво ќе гостуваат во Финска на 28.04.2021, а на 02.05.2021 во CЦ “Јане Сандански” против Швајцарија ќе го одиграат последниот натпревар од квалификациите за пласман на EURO 2022.

GOLD
To Top