Новости

Ракомет

Се враќа ракометот во Македонија!

По скоро петмесечна пауза поради пандемијата на коронавирусот, денеска и официјално ракометот се враќа на спортската сцена во Македонија со овогодинешното издание на традиционалниот турнир во Струга. Официјалното отворање е закажано за 17:15 часот со мечот помеѓу домаќинот Струга и Прилеп, следува дуелот помеѓу Бутел и Охрид, а првиот ден на 48-то издание на турнирот се затвора со дербито помеѓу Металург и Еурофарм Пелистер. Македонскиот првак Вардар, кој е рекордер со 12 освоени турнири во Струга, своето деби ќе го има утре во вечерниот термин против Охрид. Поради пандемијата на коронавирусот, струшкиот турнир годинава се одржува без учество на тимови од странство.

GOLD
To Top