Новости

Ракомет

Словенија одигра реми, Македонија во осминафиналето

Македонската ракометна репрезентација иако денеска е слободна, обезбеди пласман во 1/8 финалната фаза на Светското првенство во Франција.

На таквиот епилог кумуваше денешниот нерешен резултат на мечот Словенија-Тунис кој заврши 28 спрема 28 со што Тунижаните дефинитивно ќе останат на 5 место во групата додека Македонија и Исланд во меѓусебната средба в четврток ќе одлучат кој ќе го освои третото место.

Нашата селекција денеска во Мец го одработи редовниот тренинг пред утрешниот дуел со фаворитот Шпанија.

ФОТО: www.gol.mk

 

Евротип
Евротип
To Top