Новости

Ракомет

Службена победа на Еурофарм Пелистер против Рајн Некар Левен

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) го регистрира со службен резултат натпреварот од деветтото коло на групата Д на Лига Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Рајн Некар Левен.
Недоаѓањето на германската екипа во Битола значи службена победа на македонскиот претставник со 10-0. Со овие два бода екипата на Еурофарм Пелистер има 11 бода во пресрет на последното десетто коло и натпреварот во Швајцарија против Кадетен Шафхаузен.

GOLD
To Top