Новости

Ракомет

Убедлива победа на Еурофарм Пелистер над Струга

Еурофарм Пелистер – Струга 45:20 (22:11)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола Гледачи: 300
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски (Скопје)

Еурофарм Пелистер: Секељи, Кизиќ, Мараш 2, Ојлески 4, Н. Маркоски 4, Кукуловски 1, Мандалиниќ 6, Кушан 5, Радовиќ 1, Танкоски 2, Периќ 1, Костески 5, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ 8, Табоада 6

Струга: Матовиќ, П. Маркоски 1, Јанкоски 2, Крстаноски, Пајкоски 4, Блажески 2, Ѓорѓиевски, Јанкуловски 3, Ферукоски 1, Табаковски 1, Стрезоски, Дукоски 5, Кастратовиќ 1, Костоски .

Трета победа за ракометарите на Еурофарм Пелистер во третото коло од Супер ракометната лига во Битола, над екипата на Струга, а претходно “пелистерци“ ги победија Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш. Екипата на Струга ја победија Струга со 45:20, полувреме 22:11.Екипата на Еурофарм Пелистер натпреварот го започна со шаренолик состав и нови стартети на надворешните позиции беа Табоада, Танкоски и Велковски.

Најефикасни во домашната екипа беа Божиќ Павлетиќ со осум и Мандалиниќ и Табоада со по шест гола.Веќе следниот викенд следи првото соочување на кандидатите за титулата, Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, а дуелот ќе се одигра во СЦ “Јане Сандански“ во Скопје.

Евротип
Евротип
To Top