Новости

Ракомет

Фотогалерија од натпреварот Пелистер-Металург

Во убава ракометна претстава пред полна сала во Битола ракометарите на Металург стигнаа и до нова победа во плеј-офот од Суперлигата.

На тешкото гостување во Битола против тимот на Пелистер, Металург успеа да слави со 27-31. На крајот на првиот дел домашната екипа замина со предност од еден гол 16-15, а на стартот на вториот дел имаше и предност од +3 кога поведе со 19-16. Токму тогаш како да застанаа ракометарите на Пелистер, а тоа го казни Металург и успеа да направи пресврт и да поведе со 21-22.

До крајот на натпреварот гостите од Автокоманда знаеја како да ја надградуваат предноста и да дојдат до мирен финиш и победа од 27-31.

Евротип
Евротип
To Top