Новости

Ракомет

(Фото) Еурофарм Пелистер загуби од Ним во Битола

фото: Саше Богоевски

Екипата на Еурофарм Пелистер со пораз ја отвори европската сезона. „Зелените“ пред публика во салата „Боро Чурлевски“ во Битола доживеаја пораз од француски Ним (21-26) кој важи за најсериозен ривал во групата од Европската лига на ЕХФ.

Тренерот Жељко Бабиќ после мечот изјави:

„Сакам да му честитам на тимот на Ним за победата и за изданието. Сосема заслужена победа, затоа што одиграа добар натпревар. Тажен сум, затоа што сметам дека не се покажавме во нашето најдобро светло. Игравме лошо посебно во првото полувреме, шутиравме избрзано и промашувавме, а и голманот на Ним беше расоложен. Уште еднаш, честитки за ривалот и многу успех во сезоната“, рече Бабиќ.

„Во првиот дел немавме енергија и ефикасност во нападот, а во одбраната примивме многу лесни голови и му дозволивме на противникот да создаде огромна разлика. Бевме подобри во вториот дел, но тоа не беше доволно. Следниот дуел за нас ќе биде подобар. Благодарност до навивачите за одличната атмосфера, жалам што не дојдовме до резултат“, рече ракометарот Матео Мараш.

Евротип
Евротип
To Top