Новости

Ракомет

ФОТО: Историско полуфинале на Купот за Еурофарм Работник

Ракометарите на Еурофарм Работник се вторите учесници на Ф4 турнирот во Купот на Македонија (по Металург), откако славеа во финалето на Група 3, против градскиот ривал Пелистер со 27-24. Двете екипи имаа лесни полуфинални задачи против Младост Богданци и Вардар Јуниор, па покрај дуелите во првенството се судрија и во Купот. По двете победи на Пелистер и една на Работник, избраниците на Андон Бошковски вторпат славеа над постариот суперлигаш и се израмнија во меѓусебните дуели.

Најефикасни поединци во победничката екипа беа Адли и Мајнов со по 6 гола, а кај Пелистер се истакна Вујачиќ со 10 гола. По Металург и Охрид екипата на Еурофарм Работник е третиот полуфиналист на Купот на Македонија.

Евротип
Евротип
To Top