Новости

Ракомет

ФОТО: Пелистер ја прекина црната серија и го победи Борец

Ракометарите на Пелистер го победија Борец со 34-29, во рамките на дуелот од 6 коло во разигрувањето за титулата.

Домашните го диктираа темпото во првиот дел, водеа со 5-3, а ја одржуваа таквата предност до 11-9, пред најдобриот гостински играч Ивица Илиев да израмнат на 12-12. Сепак интернационалците од Црна Гора и Грузија во Пелистер, Николиќ и Чантурија погодија за солидни 16-13 за Пелистер на пауза.

Во вториот дел гостите не помислуваа да се предадат, па последниот квартал од мечот за првпат поведоа. Маџовски стрелаше за 28-27, а до крајот битолчани само рутински ја обезбедија победата за конечни 34-29. Во домашниот тим Ристо Вујачиќ даде 11 голови, додека кај Борец се истакна Ивица Илиев со 10 голови.

Евротип
Евротип
To Top