Новости

Ракомет

Червар спрема тактика да го изненади Горење

Ракометарите на Металург утре од 17.45 часот во СЦ Борис Трајковски против екипата на Горење, ќе го одиграат последниот меч на домашен терен во регионалната СЕХА лига. Словенечкиот тим е можеби фаворит на хартија, но, стратегот на Металурзите, Лино Червар, верува дека неговите избраници може да дојдат до поволен резултат.

„Горење на победи во првиот меч на нивни терен. Мислам дека е втор тим во Словенија веднаш зад Целје.Има многу добри ракометари меѓу кои и некогашните на Вардар, Тоскиќ, Брумен заедно со Цехте и Левце и Митровиќ. Тоа е екипа која не ни лежи бидејќи имаат добра одбрана и брза транзиција. Дополнително ќе се соочима со проблем бидејќи Пешевски е казнет а Нелоски има одредени проблеми со коленото што значи дека нема да бидеме комплетни“ вели Червар. Бекот на нашиот тим, Немања Обрадовиќ, посакува публиката да биде осмиот играч.

„Сигурно е дека се фаворити. Како што рече Лино денеска убаво ќе ги анализираме. Тие се можеби во моментов во комплетен состав за разлика од првиот меч. Се надевам дека со помош на публиката ќе можеме да им направиме проблеми и да освоиме бодови. Би сакал да ја повикам публиката да дојде и да ни даде поддршка а ние ќе се обидеме да го направиме мечот интересен и возбудлив.

 

GOLD
To Top