Новости

Ракомет

Еурофарм Пелистер ја повикува публиката да фрли на теренот плишани мечиња на полувремето со Вардар 1961

РК Еурофарм Пелистер испраќа хумана порака на последниот домашен натпревар во 2021 година кои пелистерци ќе го играат против Вардар 1961 утре, 15.12 со почеток од 18 часот. Ги повикуваат сите навивачи, симпатизери и приврзаници кои ќе бидат присутни на натпреварот, на полувремето на теренот да фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории.

„Со оваа порака сакаме да ги потенцираме вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот“, велат од клубот.

Овој гест  наречен „Teddy bear toss“е карактеристичен за хокеарските натпревари во Канада од каде во 1995 година и започна оваа традиција на собирање мечиња пред Божиќ кои се донираат на деца во болниците или на хуманитарни организации. Таму мечињата ги фрлаат на првиот даден гол од страна на домашната екипа.

Евротип
SNBROKER
To Top