Новости

Ракомет

Oфицијално: Раул го продолжи договорот со ПСЖ

Поранешниот селектор на Македонија и тренер на Вардар ја продолжи соработката со Пари Сен Жермен.

Потпишувањето на новиот договор се најавуваше од пред неколку дена, а денес се е официјално потврдено. Новиот договор на Гонзалес со ПСЖ има важност до јуни 2023 година.

Имаше шпекулации дека неуспехот на тимот во ЛШ може да доведе до тоа Раул да замине, но очигледно Шпанецот ја има довербата од раководството.

Раул е човекот кој ја донесе првата европска титула на Вардар, а потоа се пресели во Париз.

GOLD
To Top