Новости

Ракомет

Пет ракометари на Еурофарм на скратениот список на Раул Гонзалез

Селекторот на машката сениорска репрезентација г-дин Раул Гонзалез го објави списокот од 20 ракометари повикани за претстојниот собир на машката сениорска репрезентација за квалификациските натпревари против репрезентациите на Турција и Грција за ЕП 2020.

Повикани се дури пет ракометари од Еурофарм Работник, со што битолскиот суперлигаш се најзастапен меѓу клубовите кои го пополнуваат списокот на селекторот. На прозивката ќе се се јават: Гоце Ојлески, Филип Чурлевски, Филип Кузмановски, Никола Маркоски и Горан Крстески.

Собирот на ракометари е закажан за в понеделник во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

GOLD
To Top