Новости

Ракомет

Спортот во служба на хуманоста

Од 15 до 19 август во Струга се одржа Меѓународниот ракометен турнир на отвореното игралиште „Женска плажа“ во Струга по 46-ти пат. Но освен што се уживаше во ракометот, турнирот имаше и хуманитарен карактер.

На крајот на турнирот беа собрани 160 000 денари, половина од сумата ќе биде донирана за заводот за нефрологија во Струга, додека втората половина ќе биде доделена на оделот на Спортска медицина во Здравствениот дом Струга.

Екипата на Целје Пивоварна Лашко од Словенија беше победник на турнирот, која ја победи екипата на Доброгеа Суд Констанца од Романија во финалето.

На турнирот учествуваше и битолската екипа Еурофарм Работник.

Најдобар ракометар на турнирот: Домен Макуц – Целје Пивоварна Лашко

Најдобар голман на турнирот: Клемен Ферлин – Целје Пивоварно Лашко и

Најдобар стрелец на турнирот: Горан Кузманоски – Еурофарм Работник

Еден од спонзорите на натпреварот беа и спортските обложувалници Евротип.

 

 

 

GOLD
To Top