Новости

Uncategorized

Априлилили или не е баш за шега?

И се е тоа убО шо ни текнало да ги израдваме дечињата и со маски да ги прошетаме на Корзо, да им напрајме забава на плоштад и во игротеки и градинки. Првоаприлски пукна сонцето, расцутени дрва, цвеќиња пеперутки, шармантна и миризлива пролет! Фејзбук вришти од каубојци, индијанци, полицајци, мамини и татини принцези, Фроузен, Синдрелчето, бубамара и тако даље. Но, до каде се покажа инвентивноста на мамиците од градО? Купиле готови костими од ѓаол и пол кркачи и ќе му ги клат само еден ден на децата. Само еден ден во целата година. В година не! Оти ќе ги одрастат. И дури тие се шаштисаја од радост со сликите по социјалните мрежи од нивните фала Богу преслатки маскирани чоечиња џуниори, едно дете седи само таму некаде во ќошот над жешкиот прваприлски асвалт и нему не му треба маска од многу пари. Нему му треба ситна банкнота за да си ја залечи душичката со парче леб. А вие ,,ситни”, врвите покрај него и горди сте на готовите костими и купечки дури и брендирани маски. Пиете кафиња, се пафкате и токмите со таа платена костимографија оти не сте имале време нешто да направите и смислите сами. Па фала Богу, наместо тоа, истите пари да му ги дадевте на децата на кои и не баш им требаат маски! Ама не! Вие се сликавте, се возевте на количиња, јадевте по ресторани, го развозвавте ќелнерО, малтретиравте се живо и диво, и му се понашавте оти со длабок џеб му го можите на сите…

И ај да не биди до крај хејтерски, не збораме оти не треба да уживате, ама малку..барем малку напоменете си на тоа босо и голо дете над жешкиот асвалт…кое замислете не било маскирано и не се шегувало!

GOLD
To Top