Новости

Uncategorized

Барса има нов напаѓач!

Актуелниот шпански шампион и официјално реши да ја активира клаузулата од 20 милиони евра за напаѓачот на Леганес и од денес Данскиот репрезентативец, Мартин Брајтвајт е нов фудбалер на каталонскиот гигант. Брајтвајт ова сезона има шест реализирани погодоци и една асистенција за Леганес во 24 натпревари во „Ла Лига“. Раководството на Барселона со овој потег сака да ја зголеми конкуренцијата во нападот по повредите на Луис Суарез и на Осман Дембеле. Моментно тренерот Сетиен ги има на располагање Лионел Меси, Антоан Гризман и младиот Ансу Фати.

Барселона вчера и официјално доби дозвола од Ла Лига за потпишување на нов фудбалер и покрај тоа што зимскиот преоден рок заврши пред речиси три недели.

GOLD
To Top