Новости

Uncategorized

Битолчани стално пратат тренд!

И за само момент ако помислиме дека живееме во друг град, дали би ги симнале сите т.н. кабадајски стереотипи на облекување, размислување, стил, па дури и карактерни особини?! А велат, по облеката човек некогаш се познава. Па да си кажиме реално, сите сме маскирани. Кој во битолски кажано пуфли, кои во ,,стреч” униформирани кабадаи само за да се покажат тие надуените мускулишта, кои во квази,,уметници”, домаќини и многу многу тако даље. Ако имате заприметено, некој од повеќе да е маскиран или пак можеби одмаскиран со некој по екстремен екстравагантен моден стил со шапка, паларија или пак необична боја на коса, инстант е јако оговаран, критикуван и омаловажен од ,,кафеџиите” на корзо. Овде не можи чоек да се искажи. Овде не смее да се покаже нешто настрана од клишето и униформираноста. Мора да се почитуваат строгите правила на трендовите кои се наметнуваат од строгите измислени норми на некои модни т.н. стилисти (кои секако не се стилисти ами некои витки чупишта со ниско ,,Ајкју” или пак некои надуени батиња кои ошто пото прАт тренд. Ако моментно се слуша техно, тие се техномани. Ако џезот е актуелен, тие се џезери или рокери или металци. Овде никој не ја има баш откриено маската, па и покрај се шо е урнебес во нашата ни ,,Чудесија”, мораме да и парираме па да сме исто толку парадоксални и изопачени како што таа ни е. Каква е таква, наша си е. Хм… А денес, не заборавајте да ги пратите вестите и најновите трендови. Мафијашите некогаш и сега… Хммм без да посочуваме и поентираме, па од околу би констатирале: ,,Се разликуваат нели?!”
Епа бидете тренди, што чекате?!

GOLD
To Top