Новости

Uncategorized

Винтиџ стил – спој на световите, класика и женственост!

Терминологијата на овој поим во себе носи приказна.

,,Винтиџ” доаѓа од англискиот збор за старо вино, кое било чувано во бочви и укажува на облека која датира од дваесеттите години и раните осумдесетти.

Следствено, би рекле дека оние дами кои преферираат и знаат да го искомбинираат старото и да го претворат во нешто ново, се како виното. Како што стареат стануваат се поубави. Погледнете го овој стил и ако сеуште немате идеја, а сакате некаква модна промена, можеби ова е токму вашиот вистински избор.

Спој на световите, класично и елегантно, миг кој ги вплетува минатото и сегашноста. Покажете го тоа преку вашиот моден стил.

 

GOLD
To Top