Новости

Uncategorized

Вон: Само чудо може да ме однесе на ЗОИ во 2022 година

Линдзи Вон откако денеска го направи последниот старт во дисциплината спуст и го освои бронзениот медал на Игрите во Пјонгчанг, објави дека ќе и недостасуваат Олимпијадите. Американката напиша дека ќе продолжи да учествува во Светскиот куп и дека само медицинско чудо може да и овозможи да патува за Пекинг по четири години.

„Денов е многу емоционален за мене бидејќи ќе ми недостасуваат игрите. Обожувам да бидам на стартот кога притисокот е најголе и чувствуваш дека се задушуваш, но, тоа те тера да го даваш најдоброто од себе . Тогаш само се пушташ надолу по планината со надеж дека ќе освоиш медал “, рече Вон по денешната трка.

GOLD
To Top