Новости

Uncategorized

Во бело – отмено, скандалозно и не толку наивно!

Ако белата боја порано беше симбол на наивност, нежност и деветственост, денес со рапидната менливост на модата и инспирацијата на големите имиња на дизајнерите и модните блогерки, белата боја може да го означува и соопштува токму спротивното. Скандалозност, страст, отвордност, недистанцираност, смелост и страст.

Денес, во зависност од моделот кој го носиме, белата боја може да боде на исто рамниште и ниво како и црвената огнена која порано беше дефиниција за оган, нескромна привлечност и…ауу страст!

Хммм изгледа дека се сменале работите нели? Погледнете ги овие модели на сакоа и доста куси фустани кои се носат без комбинација со долги панталони и откриваат голем дел од голото тело, ставајќи го центарот на вниманието врз линијата на нозете.

 

GOLD
To Top