Новости

Uncategorized

Вљубени или очајни за внимание?

Немате партнер, сингл сте и често ви се случува да се загледате во некои вљубени на улица, во некој Тој што ја прегрнува некоја Таа и и подарува нежност.

Се чувствувате осамена во вашиот свет, а за да биде уште поголема вашата болка, околината, вашите пријатели и роднини го зголемуват притисокот над вас и ве форсираатсо куп прашања околу тоа зошто сте сама, како тоа да немате партнер, а сте толку yбава и паметна девојка.

Внимавајте! Токму тука може да ги прoнајдете првите симптоми на очај. А штом некој (било кој) се појави и укради малку од вашето време опсипувајќи ве со комплименти и внимание, може лесно да се збркате околу фактот дали тоа станува збор за љубов и дали е на повидум вистинска врскa или можеби станува збор за очај.

Дали сте вљубена или можеби сте вљубени во љубовта?!

Преиsпитајте ги вaшите прашања, размислете добро и посветете си внимание на оние комплимемти кои токму вие ги упатувате кон вас самите, а не некој случаен било кој кon вас.

Радувајте се на малите нешта. Бидете принцеза во „фраерскиот“ сингл живот и никогаш не очајувајте! Ништо тука не застанува, а вие можеби и не сте толку вљубени како што тоа вие го тврдите!

GOLD
To Top