Новости

Uncategorized

Груевски денеска во посета на Битола

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во придружба на градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска посети дел од инфраструктурните проекти што ги реализира локалната самоуправа – некои самостојно, а дел  започнати со поддршка на Владата раководена од неговата партија.

– Сите проекти одлично се реализираат. Го посетив основното училиште „Елпида Караманди“ каде по 37 години се врши сериозно реновирање на училишната спортска сала, потоа ја посетив и видов реновираната спортска сала „Младост“ која, исто така, беше дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ. За време на посетата на Битола ја погледнав поранешната касарна во која општината вложила околу 3,5 милиони евра за изградба на нова населба. Се гради инфраструктурата за да може да градат инвеститорите, се градат куќи, игралишта и други објекти во еден од најголемите проекти за Битола, посочи Груевски.

Битолскиот градоначалник Талески го презентираше и проектот „Кино Манаки“ на Широк Сокак кој, како што рече, ќе биде со капацитет за 120 посетители и со современа техника.

– Проектот „Кино Манаки“ градежно е завршен и сега следува фаза за ентериерот. Овој проект, кој не надминува повеќе од 700.000 евра, ќе биде дополнување на културниот живот на Битола и ќе даде можност за време на фестивалот „Браќа Манаки“ да се има современ простор за филмски проекции, истакна Груевски при посетата на киното во градба „Манаки“.

GOLD
To Top