Новости

Uncategorized

ЗУР „Македонски ракотворби“ во посета на Домот за стари лица „Сју Рајдер“

Здружението на уметници ракотворци „Македонски ракотворби“ во рамките на своите програмски активности го посети Домот за стари „ Сју Рајдер“ во Битола, со мала изложбена поставка.

Штитениците на домот, од кои голем број исто така се занимаваат со рачна работа, покажаа голем интерес за уметничките ракотворби , при што разменаа искуства, се запознаа со нови техники за работа и се договорија за идни заеднички работилници. Од страна на членката на ЗУР Македонски ракотворби, Иванка Клочовска беше изработен и пригоден подарок кој ќе ги краси просториите на домот. Со раководството и директорката на домот, Јулијана Котевска Богдановска беше договорена и возвратна посета по повод 15 роденден на ЗУР Македонски ракотворби.

GOLD
To Top