Новости

Uncategorized

Каков накит треба да носите деновиве за да бидете тренди девојка?

Каков накит би носеле деновиве за да бидете во тренд?
Како што можеме да забележиме, во модниот свет се чини дека овие две – три години се случија најголемите пресвртници.

Класичното се замени со нешто кежуал и спортско, па потоа се направи микс од сите трендови, па изгледа дека деновиве што и да ставиме на себе, би било оправдано.

Трендовите се менуваат во секој поглед, а тоа се случува и штом станува збор за асесоарите и накитот. Ако некогаш беа во мода масивните и тешки огрлици како и големите рачно изработрни обетки, сега работите се променија и се оди кон што поедноставни и нежни ланчиња со привезоци. Едно време се сметаше дека е кич повеќе прстени на една рака, но и тоа правило се руши, па што повеќе прстени, толку сте помодерни. Накитот кој некогаш пак беше само за на вратот, сега го преферираат како асесоар, детал за во косата и големи штрас шноли со натписи се повеќе се пласираат на пазарот.

Погледнете некои од фотките кои ги издвоивме за како тоа би требало да изгледа една модерна баш Тренди девојка.

GOLD
To Top