Новости

Uncategorized

Не барајте љубов онаму каде што ја нема!

Жени, девојки, ајде малку да размислиме за тоа колку се сакаме себе си, а не колку треба да не сакаат. Освен што љубовта е давање и нели не е само добивање, сепак треба да имаме на ум и колку тоа ние вложуваме, па апро по колку би добиле. Сепак, се на крај е математика, а штом сме кај неа, ајде да израчунаме и да би се запрашале колку ние се сакаме себе си и зошто понекогаш се втурнуваме во очајни врски и бедотија од која секогаш, ама баш секогаш излегуваме жртви?!

Зошто љубовницата?

Зошто втора виолина? Што сакате? Внимание? Дека ќе ви подари најмалку внимание од „неговото“ скапоцено време и дека ќе ви подари некој комплимет, за на крај да ви речи: „Опушти се, ма ти премногу се грижиш!“ Тоа е неговиот свет дами, не е вашиот. Вие тоните во грижа, во совест, во море од солзи и живеете само за еден најмал миг прегратка. Зарем не мислите дека заслужувате повеќе? Дали е проблемот до него или до вас? Кој е крив? Кој е злобниот? Кој е позлобниот, тој, вие или таа? Кој е жртвеното јагне?

И покрај фактот шро вие секогаш се чувствувате злобната; и покрај констатацијата што цело едно општетсво би ја заклучило, а тоа е дека тоа што го правите е неморално, невредно, и треба да се засрамите, сепак, вистината е дека вие сте жртвата. И не е проблмот до него или до неа. Тие двајца си уживаат на начин кој само тие си го знаат. Тие така одлучиле да живеат, да се сакаат или да се сакаат сакајќи и други од страна, но пати само еден во случајот. Тоа сте вие. И никој вам не ве повредува. Затоа што единствниот дефакт на балансот е дисбалансот. Понекогаш за нештата да имаат правилен тек, во светот мора нешто да стрчи. Но, дали е овој моментот каде што треба баш вие да сте тие што ќе стрчите.

… И знаеме до каде сте отишле со умот. И знаеме дека сето ова сте го размислиле и се плашите од моментот кога целата вистина ќе излезе на виделина, а уште не илезна се плашите од нејзиниот ужас. Се чувствувате повредено и знаете дека силно ќе сакате да ви простат, но од сега и знаете дека никој нема да ви прости.

Ова е солуцијата за вашиот проблем мои драги дами: Вие сте тие кои треба да си простатат на себе си и никој друг. Штом си простите себе си, ќе почните да градите некоја нова личност во вас. Нов човек. Нова и похрабра жена која ќе се сака сабе си. А онаа жена што се сака себе си, никогаш не дозволува да бара љубов на погрешно место и онаму каде ја нема.

GOLD
To Top