Новости

Uncategorized

Од следниот месец ќе можеме да одиме во Русија со бесплатна електронска виза

Од први октомври Македонците ќе можат да одат во Санкт Петербург со електронска виза, соопштија од руската амбасада во Македонија.

На твитер-профилот на амбасадата стои дека отсега ќе биде потребно само да се аплицира онлајн најмалку 4 дена пред патувањето и дека нема потреба да се оди во амбасадата. Исто така, целата процедура е бесплатна.

Така, кога ќе патувате, ќе биде потребно да пополните апликација, да добиете електронска виза, да ја испечатите или да ја преземете на мобилниот и на крајот да им го покажете известувањето на вработените во транспортната компанија и на службениците од граничните служби.

Повеќе детали може да прочитате на овој линк.  

Евротип
Евротип
To Top