Новости

Uncategorized

Прилепски полицаец пронајден мртов со прострелна рана во главата

Четириесет и петгодишен маж од Прилеп, со иницијали Р.Д. вчера бил пронајден мртов во ватомобил, во атарот на село Беловодица.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа екипа од Полициската станица Прилеп.

Од МВР соопштија дека телото на починатиот било предадено за обдукција и се работи на расчистување на случајот.

Евротип
Евротип
To Top