Новости

Uncategorized

СН Осигурителен Брокер го поддржа второто издание на „Fit Games Vol.2”

СН Осигурителен Брокер за прв пат даде поддршка во развивање на фитнес културата во нашата држава со тоа што беше спонзор и поддржувач на второто издание на “Fit Games Vol.2”, натпревар во функционален фитнес кој се одржа на 07.10.2018 година во Skopje City Mall. Организаторот Марио Јовановски ги посети канцелариите на СН Осигурителен Брокер АД и им врачи ja благодарницата.

Настанот “Fit Games Vol.2” е натпревар во функционален фитнес. Функционален фитнес е комбинација од повеќе функционални движења кои се изведуваат со висок интензитет. Тоа е комбинација од повеќе движења и спортови, како што е олимпиското кревање на тегови, гимнастика, тежински тренинг, калиестетикс, плиометрикс, трчање, скокање, веслање и останато. На натпреварот учествуваа 23 натпреварувачи кои беа поделени во две категории – мажи и жени. Покрај натпреварувачите и нивните клубски поддржувачи, настанот беше посетен од многу случајни минувачи кои ги бодреа и мотивираа, воедно се забавуваа во текот на 6 часовниот натпревар. Водител на натпреварот беше Марко Новевски.

GOLD
To Top