Новости

Uncategorized

“СН Финансии“ и “ЈК Травел“ обезбедија топли оброци за социјално загрозени семејства во Битола

Tопли оброци од риба и грав беа поделени вчера во рамки на акцијата „Food drive – 400 топли оброци“ за социјално загрозените семејства во Битола. Храната се готвеше и делеше во старата битолска касарна, а истата ја подготвија вработените во „СН Финансии“ заедно со Црвен Крст на Република Македонија, Општинска организација Битола.

„Заедно со Општинската организација на Црвен крст на Битола поделивме 400 оброци за социјално загрозените семејства во Битола. Се работи за храна која ја обезбеди СН “Финансии“ и Туристичката агенција “ЈК Травел“. Подготвени беа 100 кг риба, 60 кг грав, обезбедени 200 леба, 15 кг зелка и се она што беше потребно за да се подготви овој оброк. Мило ни е што токму пред новогодишните и божиќните празници сме дел од оваа акција и можеме да помогнеме секое семејство во Битола да добие оброк каков што заслужува“ велат од двете компании.

Најсреќни вчера беа децата, добивајќи го своето прво новогодишно пакетче, боенки и боици. Вработените од „СН Финансии“ пак за секое семејство донираше и топла облека и обувки.

Оваа акција се одржува по четврти пат во Битола, во организација на Црвен Крст на Република Македонија, Општинска организација Битола.

GOLD
To Top