Новости

Uncategorized

Со победата во Охрид, Пелистер го зачува првото место на табелата

Пелистер денеска славеше во Охрид,  во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната. Со минималната победа од еден бод, 20:19, пелистерци го зачуваа првото место на табелата.

Избраниците на тренерот на Пелистер , Борче Марковски се извадоа за поразот во градското дерби против Еурофарм Р. и успеаја да ги победат “незгодните” домаќини во Охрид.

Овие две екипи во подготвителниот период играа тромеч од кои два натпревари беа во Охрид ( победа и пораз на Пелистер ) и победа во Битола .

ОХРИД – ПЕЛИСТЕР      19:20 (10:10)

Сала: СЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Гледачи: 800. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

ОХРИД: Трајкоски, Колев, Ѓоргиески, Андоноски 4, Ивановски, Младеновски 2, Блажески 1, Костов 1, Спасовски, Јанчев 4, Тасески 2, Кобетиќ 5, Димитријески.
Седмерци: 2/3, Исклучувања: 6 мин.

ПЕЛИСТЕР: Јовановски, Брауновиќ, Рајичиќ, Петров 1, Јагуриновски 6, Маџовски 2, Рајатовски, Чантурија 1, Димитровски, Апостоловски, Чуриќ 4, Орјоникидзе, Митревски 2, Ивановски, Митиќ 2, Везенковски 2.

Седмерци: 6/9, Исклучувања: 10 мин.

 

 

 

 

GOLD
To Top