Новости

Uncategorized

Сѐ за храна: Направете новогодишен свеќник со стапчиња цимет

Дочекајте ги празниците со прекрасната арома на цимет и уникатни декорации со кои ќе го разубавите домот! Овој пат имаме нова идеја за новогодишен свеќник кој може да го направите со стапчиња цимет.

Природната арома нека го освежи вашиот дом. Постапката е лесна, а на вас останува да го погледнете краткото видео и да ги следите инструкциите.

За да ја доловите зимската идила и да го направите новогодишниот свеќникот потребни ви се:

  • дебела свеќа
  • растеглива украсна лента
  • 10 – 15 стапчиња цимет (во зависност од големината на свеќата)
  • огноотпорен стаклен сад или стара тегла
  • цветови од каранфилчиња
  • коноп
  • украсна лента или елки исечени од бела ткаенина.

Начин на изработка на новогодишен свеќник со стапчиња цимет

  1. Свеќата заврзете ја со украсната лента. Најдобро е да користите растеглива украсна лента, но доколку немате на располагање, ви предлагаме да користите и ластиче.
  2. Под растегливата лента, едно по едно ставете ги стапчињата цимет. Доколку користевте ластиче, извадете го.
  3. Стаклениот сад наполнете го со цветови од каранфилче. Во средината на садот поставете ја свеќата.
  4. Во горниот дел на садот со помош на лепило или силиконски пиштол зацврстете го конопот. Врз него поставете украсна лента со елки или сами исечете од бела ткаенина и залепете ги. Вашиот новогодишен свеќник е готов. Уживајте во празниците!

Извор: sezahrana.mk

GOLD
To Top