Новости

Uncategorized

Туѓите гајлиња секогаш побитни од нашите!

Зошто мора да се гледаме и упорно да се бараме себе си во туѓите животи? Дали е типичен и класичен клише битолски или македонски муабет (како вие милувате) или можда едноставно е до општата природа на чоекО низ светО. Али шознам, рачунајќи го нашиот кабадајлук, би го споменале извесниот Трајче кој заглавил на пуст остров со Анџелина Џоли, па ја замолил да си нацрта мустаќи и за миг да се преправа дека е другар му Петре. Зошто? За на крај да и речи:,,Абе Петре дали знајш шо ми се деси бе брат? Со Анџелина Џоли на пуст остров сум заглавил бе сине!” Пусти фалејнчарски кабадајлук. И се се врти околу туѓиот живот. Целта е да се створи љубомора за сликата на навидум неодоливиот живот на Трајче. Љубомора на ,,би ем даблју”-то на гастрбајтерите, љубомора оти тој има ние не, љубомора и завист за туѓите успеси и достигнувања. Љубомора и споредба со туѓата плата, со работата, љубомора за туѓото семејство и милион други завидливи гледишта и споредби со туѓиот живот, кој секогаш ама баш секогаш е подобар од нашиот. Нудиме малку, добиваме повеќе, а секогаш сакаме уште! Лакомштилукот нема граници, али Љуѓе дај да се соочиме и пак по милионити пат да ги остајме гастрбајтерите рајат..Туѓите гајлиња на оние на кои им припаѓаат, да престаниме да гледаме огледало во туѓиот живот. Никој не е совршен, а и да не се тешиме бадијала… можеби и да ДА постои совршенство, ама само за оние кои го прават спротивното и не се споредуваат. А ние, да си седиме кај шо ни е местото, оти такви ко шо сме, уште за нигде не сме!

GOLD
To Top