Новости

Uncategorized

Фудбалскиот свет тагува, почина легендарниот Радомир Антиќ!


На тажните вести им нема крај, а за оваа загуба најпогодени се во Србија и Шпанија.
Легендарниот фудбалер, и тренер Радомир Антиќ почина на 71 годишна возраст по кратко боледување, конкретни причини и не се наведени. Први за веста сооптшија од Атлетико Мадрид каде и го имаше најголемиот успех во кариерата.
Радомир Антиќ кој е роден на 22-ри ноември 1947 година во Житиште, Србија, својата професионална фудбалска кариера ја започнал во Слобода Ужице во 1967 година, од каде наредната година направи трансфер за Партизан каде се задржа најголем дел од неговата кариера и остави белег забележувајќи го најголемиот успех како фудбалер, а тоа е Шампион на Југославија во сезоната 1975/1976. Во својата играчка кариера натаму тој настапувал и за Фенербахче, Сарагоса и Лутон.
Тренерската кариера ќе му биде особено запаметена како единствен тренер кој седнал на клупата на трите големи ривали во Шпанија, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Барселона.
Во тренерските води се впуштил веднаш по сезоната во која се пензионира (1984) и почетоците му биле како помошник тренер во Партизан, за потоа да следи голема тренерска кариера како главен тренер одејќи во Шпанија каде започна со Сарагоса, потоа на клупата на Реал Мадрид каде го замени легендарниот Алфредо Ди Стефано, па во Овиедо, од каде го направи клучниот потег во кариерата, заминувањето на клупата на Атлетико Мадрид каде го оствари најголемиот клупски успех како тренер, најпрво го спасил клубот од испаѓање, а во наредната сезона следуваше 95/96 следуваше двојна круна за “Јорганџиите” – Ла Лига и Копа Дел Реј.
По успесите со Атлетико Мадрид тој повторно се врати во Овиедо, по што следуваа и Барселона и Селта Виго во неговата кариера во Шпанија.
Како селектор се покажа на кормилото на репрезентацијата на Србија која ја водеше од 2008-2010 и со која настапи на Светското првенство во Јужна Африка.
Последните тренерски ангажмани Антиќ ги имаше во Кина како тренер на Шандонг и Хабеи.
Радомир Антиќ во својата кариера соработуваше со многу врвни имиња од фудбалот низ целиот свет, оставајќи и многу индивидуални награди, по него ќе тагува фудбалска Србија, Балканот и Шпанија, а најмногу неговата фамилија, сопругата, синот и ќерката.

GOLD
To Top