Новости

Uncategorized

Што значи една силна балканска жена?

Тешко им е на жените, ама и на мажите па не име лесно! Живееме во едно време, а и можда место и околности, каде од жената се бараат надреални очекувања и се смета дека „Да таа го може тоа“. Таа е супер балканска жена!

Што поточно се крие зад фасадата и шминката на таа жена и кои се сите нејзини обврски? Не, нејзиниот живот не е како од сликите на пинтерест, но таа тоа мора да го направи. Мора да работи, да пазари. Да го знае менито за појадок, ручек и вечера за секој ден оти зошто во спротивно да се расправа со мажот и кој секако чека на готово да биде изненаден. Таа секој ден го започнува со мисловна конфузија за тоа што да направи побрзо. Дали да ги среди децата за на училуште, дали ги спремиле сите потребни учебници, напишале ли домашно, се подготвиле ли за тестот, или дали да го подготви доручекот, да ја избрише прашината и да, секако дека таа после целата оваа гужва треба да изгледа феноменално, стросано и привлечно.

Силната балканска жена знае да стави двајска висока потпетица, да го запали автомобилот и откако ќе ги истовари сите по ,,институции”(кој на работа, кој на сколија), да си ја нурни глата долу и да ги трпи фрустрациите од шефО и претпоставениО – миникО со пет минути сколија кој ете скоро секој ден станва на лева нога и сака да се дери по вработдените. Ако зборнеш чао. Силната балканска жена во тие штикли и фасада од ефтина пудра која убо нанесена камуфлира, знае да ги заврши сите обавези без да се расплачи и така храбро да се довлечка дома па уште во униформа и костум (кодекс за облекување од работа), да направи ручек. Може и посебно мени за секој член од фамилијата. Силната жена знае да пречека и гости успат и кафе и ракија да ги послужи и да поигра со децата и да им покаже околу домашната. Таа знае и како се приклучува, а и исклучува правосмукалка, знае машина на ефтина струја да пушти, да иссука зелник и да..еј даа! Силната домаќинка балканска жена е жениште бре луѓе и знае на две да се напрај и да се позиционира на појќе места исто времено. Па така ако има пријателки таа знае да се подружи и со нив во некое кафуле, кафанче.. Таа знае да изгледа беспрекорно, неодоливо и само на Балканот се знае лекот за сивите подочници.

Силната жена е силна брате и откако ќе се врати дома знае да му посвети внимсние на сопругот, да зготви нешто романтично и хелоу мора да има време за него, а и за себе. За себе и за свое хоби некое… Ама го наоѓа! Силна е таа и може! Може да најде и време и место!

..И ќе речеш после жениште, свака час. не е тоа живеење, тоа е трка, но за каде? Сте се запрашале ли за каде?

 Опуштете се!

GOLD
To Top