Новости

Uncategorized

Европски дестинации кои и во зима го задржуваат топлото време!

Доколку сакате совршен зимски одмор, но сепак не сте љубител на студените денови, одберете места кои дури и во зима знаат да имаaт повисоки температури. Проследете ги нашите предлог Европски места во кои ќе уживате во пријатните прошетки, ќе ја истражите историјата на местата, ќе се воодушевите од прекрасните пејсажи, ќе уживате во прекрасната храна која ќе ви ја понудат гостопримливите ресторани ие се одморите чувствувајќи се како дел од некоја најубава разгледница.

Мадеира (Португалија)

Мадеира е едно од најубавите места во Европа што нуди пејсажи кои се вистински лек за окото. Штом зборуваме за Португалија, помислете на ботаничките градини, живописното крајбрежје, дивите плажи и прекрасните планини. Со ваквите места кои одземаат здив,
Мадеира е рангирана меѓу најегзотичните острови со температури кои се движат околу 25 степени во текот на целата година.
И додека постои одреден ризик за лошо време, тука дождовите не траат долго и се причина зошто оваа област е богата со бујни зелени предели. Медеира е вистинска оаза за љубителите на природата кои можат да уживаат во прошетките по ливадите (каде впрочем постојат вештачки канали за наводнување на полињата околу островот). Фунчал, живописниот главен град на островот, има што да им понуди на посетителите, вклучувајќи прекрасна архитектура и исклучително забавен ноќен живот.

 

Сицилија (Италија)

Благодарение на благата медитеранска клима, Сицилија е место кое може да го посетите и во зима. Некои крајбрежни одморалишта имаат дневни температури дури од 15 до16 ° С. Тоа исто така значи дека сезоната на морски ежови (ричи ди маре) е во полн ек, па авантуристите можат да се препуштат на овој препознатлив деликатес во многу локални ресторани. Бидејќи островот е помалку населен отколку во другите периоди од годината, посетителите можат да уживаат и во зачудувачките барокни градови и археолошки места. И ако обожавате фестивали, ве чека уживање во зима. Најинтересните фестивали на Сицилија се одржуваат во текот на зимските месеци. Феста ди Сант’Агата во Катанија се одржува од 3 до 5 февруари во чест на патронот на градот, додека во Агриџенто ( или поконкретно во т.н. долина на антички храмови), во декември има фестивали за славење на драматургот и поетот Луиџи Пирандело. Топло, романтично и чудесно!

Кипар

Вистинските обожаватели на сонцето и топлите денови, мора да се упатат кон Кипар, бидејќи во медитеранскиот дел на Европската унија, нема потопла зима. Температурите се движат помеѓу 22-23 степени целзиусови, што е создадено за прошетки и истражување на културата и историјата на островот. Сместен во источниот дел на Средоземното Море, Кипар има едни од најдобрите плажи во Пафос, феноменален ноќен живот во Лимасол, највозбудлива историја во тамошните музеи и ресторани со фантастична кујна во главниот град на Никозија (Лефкозија на грчки). Топло време, шармантни прошетки, авантуристички истражувања кон историските денови и неодолива храна за најголемите гурмани.

Канарски острови

Поради тоа што се наоѓаат во близина на африканскиот брег, Канарските острови имаат феноменална топла клима во текот на целата година со најмалку 300 сончеви денови. Значи, ако топлото време и витаминот D ужасно ви фали, ете токму тука можете да го надоместите. Изберете го вашиот одмор во Тенерифе кој е меѓународно препознатлов како „Остров на вечната пролет”. Островот е на иста географска ширина со и пустината Сахара, а карактеристично за него е топлата клима преку цела година. Во зима температурата се движи од 20 до 22 степени Целзиусови, додека во лето од 26 до 28.
Сите места овде, имаат што да ви понудат во зависност од тоа што сакате. И додека некои популарни летни дестинации во зима можат да станат застрашувачки ,,градови на духови”, ова не е случај тука. Сепак, можеби пулсот на местото кој се чувствува во лето, нема да биде со истиот интензитет, но во секој случај, нема да ја пропуштите забавата.

Малта

Температурите тука се околу 15 степени Целзиусови, што е сосема доволно и пријатно за зимски прошетка низ улиците на Валета. Малта е полна со шармантни рибарски села, карпи и карпести заливи кои можете да ги истражите. Патување со брод до соседниот остров Гозо каде ќе ги откриете Храмовите на Гантија – најстариот и најимпресивниот комплекс на Малта кој е постар дури од египетските пирамиди.
Истражете, уживајте во топло пријатните прошетки и исполнете се со воодушевувања и импресии кои постојано ќе ги споделувате во целиот ваш живот.

GOLD
To Top