Новости

Uncategorized

Колку ни влијае туѓото мислење?!

Туѓото мислење никогаш не требало да ни е важно! Сите сме биле во т.н. надразливи ситуации каде мораме да премолчиме на нешто нападно и саркастично кажано од страна на одреден соговорник кој не толку го милуваме, но сепак сме во ситуација да треба да премолчиме и едноставно да не одговориме ништо. А имаме толку многу да кажеме!

Последователно се случува вриеж од емоции и конфликти во нашиот ум и несвесно цел ден сме нервозни и нашата лутина ја рефлектираме на оние луѓе кои најповеќе ги сакаме!

Како до тој филтер?!

Мислите дека имам одговор?!

Не… Не баш!Немам!

Мене лично веројатно тој филтер ми е затрупан со негативни информации и слични дразби кои буквално го затнале протокот на енергија! Треба да се трудиме?! Но, како? Се трудиме ли навистина доволно и важно ли е толку многу туѓото мислење на крајот на краиштата? А што пак ако зборуваме и оставаме фидбек наместо да молчиме?! Ако светот е дрзок зошто ние продолжуваме да бидеме таа единка – мала група на луѓе кои веруваат во култура, во бонтон, во:,,Размисли пред да кажеш”.

За момент само замислете си го светот без перде на устата! Хммм… Би се одзатнал ли така филтерот? ,,Како” е најтешкото прашање на кое ретко кој знае да даде вистински совет, а тие муабети од типот:,,Нека не те допира, бла бла…и епа баш ти е гајле што ти рекле, ти само прави се како ништо да не се случило!” не баш нудат одговор! Сето тоа го знаеме, но не знаеме КАКО!

Јас не знам! Знаете ли вие?

GOLD
To Top