Новости

Uncategorized

Паника на границата Унгарија – Србија, побегна пантер

Полицијата во Унгарија интензивно трага по опасно животно на подрачјето на Кишкунхалаш, град недалеку од границата со Србија.

Како што пренесувата медиумите, тоа место е на само 40 км од Суботица.

Се трага по животно кое било во заробеништво, а се верува дека во прашање е црн пантер, соопштија од полицијата.

Во потрага тргнале откако се појавиле снимки на опасното диво животно, за кои се покажало дека се автентични. Стручњаците велат дека ова е опасно животно кое се храни со мачки, кучиња и ситна стока, дека лесно се крие и е непредвидливо, пренесе Телеграф.

Евротип
SNBROKER
To Top